Фактурата за матичната општина секогаш се прави последна.
Во прозорецот за статистика НЕ СМЕЕ да постои ПОГРЕШНА ОПШТИНА. тоа е знак дека некој осигуреник нема точен број на здравствена легитимација.
Ако поради било која причина НЕ сакате да однесете фактури/пресметки за општините различни од вашата матична општина, а сепак во прозорецот за статистика имате такви општини тогаш: МОРАТЕ да ги пронајдете тие осигуреници и да ги ОДЈАВИТЕ (престанок на избор) !!!
За Скопје се прави само општина 399-Скопје Збирна (другите се забранети)
ФОРМИРАЊЕ Извештај за извршени услуги
Процедура: Изберете-Месец, Година, Лекар.
Во прозорецот статистика за извршени услуги се појавуваат податоците за бараниот услов во МОМЕНТОТ.
Проверете ја точноста на колоната за партиципација и тоа: количина Х единечна цена треба да е еднаква со партиципацијата. Ако тоа не е исполнето значи дека при евиденција на некоја услуга за некој пациент немате заведено партиципација или истата е погрешна.