Untitled Document
© 2013
Тонери
Полнење Тонери
за ласерски принтери
HP,Canon,Самсунг, Епсон...


Sasko First

    Програмот работи под Windows (98,Me,2000,Xp,Vista,7), и целосно ги задоволува потребите на една Стоматолошка ординација. Исто така програмот во ЦЕЛОСНО ги задоволува потребите и барањата од страна на Фондот за Здравство на Р. Македонија, пропишани од страната на Фондот, во "УПАТСТВОТО ЗА АПЛИКАТИВНО РЕШЕНИЕ ЗА НАЧИНОТ НА ПЛАЌАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСЛУГИ ВО ПРИМАРНАТА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ОД ОБЛАСТА НА СТОМАТОЛОГИЈАТА" кое во електронска форма е објавено на официјалната страна на ФЗОM (www.fzo.org.mk/prezemanje.htm).

    Во самиот програм, функциите кои се имплементирани во него според Барањата на ФЗОМ, завземаат не повеќе од скромни 30% од вкупните можностите на програмот. Самиот програм содржи голем број на други, потребни, едноставни и сложени функции кои ќе ви помогнат на најдобар можен начин да го добиете МАКСИМУМОТ од внесените податоци, кои не се врзани со ФЗОМ и ви обезбедуваат комплетна подршка за ВАШИТЕ барање и потреби. Овде ќе спомнеме поголем дел од тие "други" функции и тоа:

    • Визуелно прикажување на усната празнина;
    • Приготвување на образецот - Статистика на болести;
    • Визуелно меморирање на состојбата на поедини услуги на самите заби (подршка ос 23 состојби на секој од 32-та заби т.е. повеќе од 700 сликички !!!!).
    • Можност за користење и евиденција на копчиња.
    • Меморирање на слика за пациент.
    • Евиденција на Рентген слики.
    • Евиденција на Панорама на усната празнина.
    • Евиденција на закажани прегледи.
    • Печатење Покани за на лекар.
    • Печатење ИЗЈАВА за согласност на пациентот за извршени услуги.
    • Користење на Евиденција на плаќања.
    • Користење на Фискален принтер.
    • Евиденција на расходи.
    • Печатење на Фактури за извршени услуги на Приватни пациенти (македонска и англиска верзија).
    • КОМПЛЕТЕН HELP !!!!! (inline help ,online help i web Help и WebForum).
    • Печатење на извештаи со поставување на услови од ваша страна (повеќе од 10 видови извештаи и повеќе од 20 можни видови на поставени услови) меѓу кои и:
    • Печатење ->Префрлање на податоците во Microsoft Excel.
    • Вметнување на сопствени услуги.
    • Користење на Мрежно поврзување во стилот еден компјутер повеќе монитори (кога сестрата ќе го прими пациентот сликата на неговата состојба со извршени услуги се пренесува на МОНИТОРИТЕ на соодветниот Лекар прикачени на стоматолошките столови п.с.: бројот на лекари е БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊА !!!)
    • Брз пристап до ВАШИТЕ ДОБАВУВАЧИ на материјали, потрошен материјал, сервисери,... (кои во вид на реклами се имплементирани во постоечкиот софтвер) и тоа на повеќе начини.
      • Телефон за контакт.
      • Директен пристап до нивниот Web sajt.
      • Директен пристап до нивниот Web ценовник.
      • Директна eMail врска за Нарачки, Контакт, соработка,...
      • МАПА за местоположбата на нивните простории.
    • Добавувачите ќе бидат од Локално, Државно и Меѓудржавно ниво.
    • Ова се повеќето од функциите имплементирани во, до моментот, последната верзија -4.5, на програмот MyMouth.

    Други бенифиции кои корисниците-стоматолози на оваа програма ќе ги добијат се: Единствен код за распознавање (или нешто слично) кој ќе им обезбеди привилегии при користење на услугите на Добавувачите партиципиенти во овој проект. Личните податоци на Лекарите со нивните контакт телефони ќе бидат ЈАВНО објавени на оваа интернет страница. Исто така ќе се обезбеди подршка на делот на стоматологија на Грчки јазик, со рекламирање на соодветни грчки медиуми (интернет, радио, телевизија) со цел да се привлече вниманието за користење на услугите од страна на странски граѓани.

    Секој стоматолог освен основните податоци за него може (со симболична месечна надокнада) да добие и некои од напредните можности за модерното време и тоа:

    • Интернет простор за рекламирање на главната страна за стоматологија.
    • Мини Web страна или Web страна.
    • eMail адреса.
    • Можност за закажување на третмани преку интернет (странците да ја користат оваа можност).

    Комјутерскa конфигурациja на која може да работи програмот:

    Windows XP Windows Vista Windows 7 Windows 8 Windows 10