![]() |
|||
![]() Полнење Тонери за ласерски принтери HP,Canon,Самсунг, Епсон... |
|
|
|
Ова е Официјален e-mail добиен од официјалната канцеларија на Миkрософт Македонија: Почитуван Г-н Мицев, Ви благодарам за поврзувањето со Микрософт. Во врска со нашиот разговор Би сакала да Ве информирам за типовите на лиценци и како може да бидат лиценцирани производите на Микрософт. OEM (Original Equipment Manufacturer) софтверот е прединсталиран кога купувате нов компјутер. Ова е најлесниот и најисплатливиот начин за набавка на Windows® оперативен систем. ОЕМ Лиценцата се врзува за матичната плоча и не може да се префрли од еден компјутер на друг. Производите може да ги лиценцирате преку производителите на оригинална опрема и тие доаѓаат веќе инсталирани на копјутерот. Штом се проба да се активира, доколку е преинсталирана или искористена на друга машина во нашиот систем се обележува за што станува збор и секако нема да можеме да Ви ја активираме. DSP OEI (DSP = delivery service partners; OEI = "Original Equipment Installation" or "Organizational Environment Integration") Тоа е верзија на ОЕМ софтверот кој се користи од страна на помали локални производители на компјутери и систем асемблери (ОЕМ лиценца која локалните систем билдери ја набавуваат од локалните дистрибутери). Софтверот е прединсталиран кога купувате нов компјутер. Ги имаат потполно истите лимитирања како и OEM верзијата т.е.лиценцата е врзана за компјутерот каде и е инсталиран OS и не е пренослива доколку машината престане да работи - „умре“. НЕ СМЕЕ да се користи за легализација на постоечки компјутери на кои има пиратска верзија на Windows туку само за инсталација на нов компјутер. GGK (Get Genuine Kit-пакет за легализација) е наменет за легализација на постоечки компјутери со претходно инсталиран пиратски или на друг начин нелегален или нелиценциран примерок на Windows 7. GGK може да се добие преку овластени ОЕМ дистрибутери и е понуден за комерцијална клиенти на кои обично им требаат помали количини и не сакаат да потпишат договор за легализација. ГГК лиценците не се преносливи од еден компјутер на друг. Не е дозволен процес на премин на предходните верзии на Windows т.е нема downgrade rights. Крајните корисници можат да ги набават овие лиценци од било кој Микрософт партнер. FPP (Full Packaged Product) се однесува на малопродажно пакување на лиценциран производ, кое може да се набави преку било кој локален Микрософт партнер. Производ запакуван во кутија кој може да се купи во малопродажните центри односно од било кој продавач. Доколку Вашата лиценца е од овој тип тогаш имате право да ја преинсталирате на Вашиот компјутер и да ја користите легалната верзија од истата. FPP Лиценцата е пренослива, односно може да се префрли на друг компјутер доколку го заменете стариот. Не е дозволен процес на премин на предходните верзии на Windows т.е нема downgrade rights. Volume лиценци (VL) -Количинско Лиценцирање наменета за корпорациски, државни, академски организации, кои нарачуваат најмалку 5 лиценци. Програмите за количинско лиценцирање на Микрософт не нудат комплетни лиценци за десктоп оперативните системи (на пример за Windows 7) туку само Windows Upgrade (Пр. Доколку корисникот поседува компјутер со инсталиран Windows Vista Business со Windows Upgrade може да инсталира Windows 7 Professional). За да биде легално лиценциран, корисникот на десктоп оперативен систем мора претходно да поседува целосна лиценца на Windows оперативен систем (набавена заедно со компјутерот- ОЕМ, легализаирана со ГГК, или FPP) GGWA(Get Genuine Windows Agreement) е договор за легализација на постоечки компјутери на кои е инсталиранa пиратска верзија на Windows. Корисникот треба да има минимум 5 компјутери кои ќе ги легализира. Лиценците не се преносливи, и корисниците имаат право на инсталација на пониска верзија на Windows т.е има downgrade rights. Како дополнување линк од најчесто поставувани прашања и одговори во врска со лиценцирање и легализација. http://www.microsoft.com/piracy/knowthefacts/legalizationsolutions.aspx Од горе наведеното може да видите кои лиценци се нудат од страна на Микрософт. Кои од нив доаѓаат со купување на нов компјутер, кои се за лиценцирање на нелегални OS(оперативни системи), но и кои се нудат за лиценцирање на фирми и компании. Се надевам дека ова ќе Ви биде корисно, но доколку имате потреба од дополнителна информација слободно контактирајте не. Со Почит |