Untitled Document
© 2013
Тонери
Полнење Тонери
за ласерски принтери
HP,Canon,Самсунг, Епсон...


Sasko First

Најпоставувани прашања од Ваша страна.
     -Колку е одржувањето за 2013, 2014 и за понатаму.
        одговор:За 2013 нема одржување се е БЕСПЛАТНО. За 2014г. и за сите наредни години Важат условите наведени во опцијата плаќање, т.е. доколку ги исполнувате условите-купувате наши производи/услуги, одржувањето и лиценцата се БЕСПЛАТНИ.
     -Дали е можно пренесување на податоците од Нашите програми во Вашата програма.
        одговор: Воглавно-Да, а за поточно од која програма е можно јавете се на телефон.
     -Дали програмот е одобрен од ФЗО.
        одговор: Во.РМ. валиден програм за работа е секој програм кој може да ги изготвува документите потребни да се доставаат во ФЗО во пишана или дигитална форма на начин објавен на страната на ФЗО за изработка на софтверски решенија. Нашата програма комплетно ги задоволува тие услови (со други зборови одговорот е ДА).
     -Дали ќе се снајдме лесно со програмот.
        одговор: КОНЦЕПТОТ НА ПРОГРАМОТ Е ИСТ НАСЕКАДЕ. Плус, во програмот постојат 40 Видео презентации поставени на копче "?" на секој посебен прозорец во кој работите. Видео презентацијата со слика и глас Ви ја опишува постапката како се работи во тој конкретен прозорец. Истите тие Видео презентации се извлени на еден линк директно во програмот, како и на страната на www. samplus.com.mk.
     -Дали во "цената" е опфатен и Целосниот пакет заедно со далечинска помош и решавање на проблемот преку интернет.
        одговор: Да. Во случај на потреба се приклучуваме на Вашиот компјутер и го решаваме проблемот и тоа Ви е платено. Плус ДокторХ е "опремен" со самотестирање и самиот ни пријавува грешка која Вие сеуште не сте ја приметиле, а ние ќе ја отстраниме.
     -Досегашните Наши одржувачи тешко ги добиваме на телефон. Како е кај Вас.
        одговор: Телефонот 075 600-106 НИКОГАШ не се исклучува. Работното време е од 9:00ч до 16:00 и потоа од 19:00 до 21:00ч. Можно е да биде зафатен, меѓутоа ВО СЕКОЈ МОМЕТ можете да побарате помош во ДокторХ-ФаксимилеБоок опција ПосебниПораки-ПобарајПомош. Тогаш програмот автоматски испраќа СМС порака на телефон до Нас и Ние ЛИЧНО ќе Ве побараме.
Или пак на ФаксимилеБоок можете да напишете што е проблемот и Ние или некој Ваш колега ќе Ви помогне.
     -Која е Вашата "математика" со оваа цена кога Ние досега плаќавме 5000-6000 денари.
        одговор: Ние имаме и програма за Општа и Спец. Стоматологија. Одржувањето за нив е околу 2500 денари годишно. Оваа сума за Нас е доволна и за програмот ДокторХ. При купување на Наши производи нашата "математика" е тука некаде, со Наш ризик и Ваша добра волја за фер однесување и купување и после доспеаната сума, а сето тоа со Ваш и Наш бенифит за непречена работа и соработка. И на сето тоа ПРОГРАМОТ РАБОТИ ТОЛКУ СТАБИЛНО ШТО ПОМОШ СКОРО НЕМА ДА ВИ БИДЕ ПОТРЕБНА, а со тоа Нашиот ангажман е минимален.
(За информација. Нашите корисници после првиот месец од отпочнувањето со работа, во текот на скоро 1 година во просек не побараа скромни 2- 3 пати).
     -Како ќе ни ги наполните тонерите кога ние сме во Струга.
        одговор: Вие ќе ни нарачате полнење на ... тонери за ... принтер и Ние ќе Ви испратиме полни, други, тестирани тонери со гаранција. Вашите празни тонер касети некако ќе ги доставите/испратите (1-2 пати годишно) до нас. Ако некој од тонерите има проблем во наредната нарачка ќе Ви испратиме друг под рекламација.
     -Како ќе ја добиеме најбргу програмата.
        одговор: Програмата е поставена бесплатна овде на опцијата превземање. Нејзината инсталација е Next,Next,Next,Install,Finish. (лозинка 1: password 2). Инсталирајте, Тестирајте, Гледајте ВидеоПрезентации, ако имате било каков проблем побарајте не 075/600106 Ние ќе Ви помогнеме.